Pacтат меѓypacните тeнзии во CAД: Цpнeчka милициja co пyшkи и пaнциpи мapшира по yлицитe на Лyизиjaна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Добро вооружена група од Афроамериканци, НФАК, во слободен превод „Коалиција без зае**вање, се собра во Лафајет, Луизијана, како би протестирала против полициското насилство.

Собирот се одржа за време на растечки расни тензии во САД. Неколку десетици Афроамериканци со автоматски пушки, маршираа низ Лафајет, а многу од нив носат панцири и друга воено тактичка опрема.

Насобраните побараа правда за Трејфорд Пелерин, маж кој полицијата го застрела во август. Исто така, се наведува дека една од причините за собирот е што еден од конгресмените на државата преку фејсбук се заканувал на групата.

Лидерот на НФАК, кој се претстави како Грандмастер Џеј, одржа говор во кој истакна дека слоганот на актуелниот претседател Доналд Трамп, „Да ја направиме Америка повторно голема“, не се однесува на црнците.

Не можам да се сетам на времето кога било добро за нас, порача на масата насобрани која потоа извикува „Црна моќ!“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This