April 28, 2024, 10:41 am

Peгиcтриpaни 72 нoви cлyчaи на Koвид-19 во зeмjaвa, уштe 3 лицa пoчинaa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка -1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-1.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: Скопје-8, Куманово-7, Штип-4, Тетово-1, Струга-4, Велес-2, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-11, Гевгелија-1, Крива Паланка -2, Кочани-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2.

Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г). Сите се починати во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15293, бројката на оздравени пациенти е 12754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905. Денеска се регистрираат пет контролни од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 6177, активни 588

Куманово 1554, активни 230

Дебар 264, активни 31

Штип 1191, активни 90

Прилеп 532, активни 140

Тетово 1260, активни 105

Струга 604, активни 60

Велес 281, активни 21

Битола 231, активни 40

Охрид 377, активни 53

Кавадарци 191, активни 26

Гостивар 825, активни 103

Гевгелија 77, активни 45 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

Струмица 83, активни 30

Крива Паланка 62, активни 18

Радовиш 48, активни 8

Крушево 17, активни 1

Кочани 169, активни 39

Пробиштип 91, активни 16

Демир Хисар 60, активни 2

Македонски Брод 80, активни 13

Пехчево 38, активни 26

Берово 69, активни 35

Валандово 10, активни 2

Виница 84, активни 27

Делчево 111, активни 80 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

Кратово 24, активни 6

Свети Николе 302, активни 25

Kичево 286, активни 40

Ресен 147, активни 0

Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-254, ЦЈЗ Скопје-7, Авицена-181, Биотек-80, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-121, Систина со PCR метода -98, лабораторија Лаор –1, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-33, Инфективна клиника-4, ГАК-14, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 63, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 56

Гази Баба – 75

Аеродром – 98

Карпош – 68

Центар – 65

Кисела Вода – 55

Ѓорче Петров – 37

Бутел – 39

Шуто Оризари – 23

Студеничани – 16

Сарај – 16

Арачиново – 10

Илинден – 12

Сопиште – 4

Чучер Сандево – 1

Петровец – 4

Зелениково – 1

Странец – 4

Нераспределен-4“, информира Министерството за здравство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This