Peзил: Цената на паркингот во Скопје пopacнала за 5 денари поради паркоматите кои нe примaлe aпoeни од 5 денapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За 100% ќе поскапат месечните карти за вработени за во катните гаражи со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ во Скопје. Според новиот ценовник што треба да биде одобрен на седницата на Советот на Град Скопје в среда, се предвидува цената за месечните паркинг карти во катните гаражи наместо 1.000 да биде 2.000 денари.

Со новиот предлог-ценовник се предвидува и поскапување за по пет денари на сите паркинзие со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, како за зонските паркиралишта, така и за отворените со рампа.

Еден час паркирање во зона А наместо 45 ќе биде 50 денари, во зона Б наместо 35 ќе биде 40 денари, додека во зоните Ц и Д каде досега еден час чинеше 25 сега ќе биде 30 денари.

На денешната седница на Советот советниците на власта рапсраваа токму на оваа тема, а на прашањето зошто во Скопје поскапува зонското паркирање советниците на власта посочија апсурдна причина.

Според апсурдно образложение за поскапувањето на цените во некои од зоните на јавното претпријатие за паркинзи Скопје, советниците на власта причината ја гледаат во новите паркомати кои што претпријатието ги набавило, а не примале апоени од 5 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This