PEЗИЛ HEBИДЕН: Градоначалникот на Вевчани, „тpoгнат“ од битkaта со „кopона“, донирал – прскалка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Вевчани од СДСМ, Сашо Јанкоски, на својот профил на Фејсбук се пофали со сопствена донација во борбата со коронавирусот – батериска прскалка.

„Почитувани,

Трогнат од моментот гледајќи како екипата на итна помош се справува со вирусот Ковид 19, одлучив да дадам скромен допринос во истата битка. На “ЈЗУ др- Светозар Чочороски”, симболично им донирав батериска пумпа за дезинфекција на персоналот и возилата. За таа намена направија посебна просторија за дезинфицирање. Ги повикувам сите добронамерни бизнисмени и жители на Вевчани, секој во рамките на своите можности да донира на оваа здравствена установа која е на првата борбена линија со оваа пандемија!

Одважете се и наместо да пишувате како и што треба да се прави – донирајте. Оваа екипа најдобро знае што треба и како тоа се прави. За какви средства консултирајте се со менаџментот на истата.

Да го сочуваме јавното здравство!“, порача „градскиот татко“ на Вевчани во објавата проследена со осум фотографии од примопредавањето на донацијата.

Батериска прскалка како таа донирана од Јанкоски чини меѓу 1.700 и 1.900 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This