Pecтриктивните мерки нема да бидат само за Тетово, туку за цела земја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако Министерството за здравство како главен виновник за сериозната состојба и новиот бран на коронавирусот го посочи градот тетово, предложените рестриктивни мерки на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести се однесувале за целата земја. Претходно медиумите соопштението го протолкуваа како да се однесува само за Тетово, бидејќи овој град таму беше наведен како главна причина за зголемениот број на позитивни случаи.
Мерките се бара да важат во сите градови во државта, потврди за Телма министерот Филипче иако утринава од неговиот кабинет беше лиферувано соопштение дека се бара да важат само за тетовскиот регион.

Предложена е забрана за одржување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави, исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти да не надминува надминува 30 отсто, а на масите да не смеат да седат повеќе од 4 лица.Договорено е и да се засилат контролите за носењето на заштитни маски и да се засили теренската вакцинација.„Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот.

Анализите кои беа изработени изминативе денови од страна на ИЈЗ укажуваат дека, вирусот пред се се шири кај невакцинираните, над 90% од новите случаи се невакцинирани граѓани. Од друга страна опфатот со вакцинација е под 20% во Тетово. Како кластери каде најбрзо се шири вирусот се свадби и прослави на затворено кои ги има многу во овој регион,а според информациите на локално ниво воопшто не се почитуваат мерките за превенција, пред се носење маски на затворено“, објави претходно Министерството за здравство.

На почетокот на неделата Тетово значително го надмина Скопје по бројот на активни случаи на Ковид-19. Во Тетово денеска има нови 114 заболени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This