Poдитeли peaгиpaaт нa coциjaлнитe мpeжи: „Hepвoзни диpeктopи oдгoвapaaт дpcкo, ќe ни иcпoнacтинaт дeцaтa“..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Родители реагираат на социјалните мрежи за објектот „Детелинка од градинката „Росица“ – УЗ мирче Ацев. Како што може да погледнете на статусот на Фејсбук, се работи за греењето во овој објект кој што не е во функциjа веќе две недели.

Во продолжение целосниот статус:

ПИСМО ОД РОДИТЕЛИ!

Две недели нема греење за нашите дечиња во објектот „Детелинка“ од градинката „Росица“ – УЗ Мирче Ацев.

Две недели апелираме до директорката на градинката и до одговорните дека овој проблем треба да се реши за да не ни мрзнат дечињата и во ова време со нестабилни температури за да не дојде до настинка и прехлада.

Греењето на струја не е доволно и замислете ни рекоа да си донесеме греење САМИ!

Па така во едната група ние родителите САМИ однесовме грејни тела само за да не трпат дечињата.

Кога и да ги прашаш се нервозни и одговараат дрско, велат мајсторите се тука, а тие две недели се вртат ама немаат ништо направено!

Па зграда да беше досега ќе ја направеа, а не неколку занимални!

Додека беше потопло времето и климите постигнуваа не беше проблем, ама неколку дена по ред веќе е поладно, а сега со снегот нема услови дечињата да се носат таму.

Ве молиме објавете, нека си ја фатат работата, ќе ни испонастинат децата, а во оваа пандемија уште тоа ни фали!

Статусот на Фејсбук може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This