Pycковска ги иcплaши младите пpaвници: Никoj нe ce приjaвил на конкypcот во организиpaн kpиминал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту еден обвинител досега не се пријавил на огласот за работа во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Огласот на Советот на јавни обвинители е веќе објавен во Службен весник и тече рокот од 15 дена за аплицирање. Првиот човек на телото за именување, унапредување и разрешување на обвинители Ацо Колевски во телефонски разговор за Алсат рече дека на кандидатите поединечно ќе им се оценува работата без разлика дали работеле во згаснатото СЈО или на предмети од организиран криминал и корупција.

А, прашана дали повеќе би им биле од корист некогашни обвинители од СЈО, откако некои од нив најавија дека ќе конкурираат, шефицата на обвинителството за организиран криминал денеска со одговор:

„Секој обвинител што си ја знае работата ќе биде од корист во Обвинителството“, вели Вилма Русковска, шефица на ОЈО за ГОКК.

По затворање на огласот, самиот процес на избор може да трае неколку месеци. Кандидатите ќе бидат повикувани на интервјуа, а потоа оценка за нивната работа ќе се бара и од републичкиот обвинител Љубомир Јовески, но и од Вишото обвинителство. Институцијата за гонење на организиран криминал планира да вработи дополнителни пет обвинители и ќе има вкупно 15. Русковска бараше 20, но Советот на јавни обвинители оцени дека ако се оди со тој број, може да се случи да се намали бројот на обвинители во другите градови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This