Pycковска и Kaцapска на столбот на cpaмот: Народот го „пaднa 27 април“ – мнозинството бара повторно cyдење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Oд утринава обвинтиелката за организиран криминал, Вилма Русковска и судијката Добрила Кацарска се на стоблот на срамот во Македонија. Како претставници на правосудните органи тие донесеа пресуди во името на граѓаните за 27 парил, а огромно мнозинство на граѓаните на анкета изразија недоверба во процесот, пресудата и побараа повторно судење.

Народот го падна случајот 27 април, само вака може да се опише последната анкета на ИПИС на тема истражување на јавно мислење „Настани од 27 април“.

На прашањето „Дали осудените се оранизатори или жртви со цел да се прикријат вистнските виновници за нстанот?“.

45.3 проценти од граѓаните сметаат осудените за 27 април се жртви со цел да се прикријат вистинските виновници на настанот. 27 проценти сметаат дека тие се организатори, додека 27,8 проценти немаат одговор на прашањето. 

На прашањето дали осудените имаат фер судење 45,6 проценти од граѓаните сметаат дека осудените немале фер судење.

Огромно мнозинство од 50,4 проценти од испитаните граѓани сметаат дека процесот за 27 април бил монтиран.

Уште поголем дел од граѓаните, односно 51,5 проценти од граѓаните сметаат дека имало селективна амнестија во случајот.

Голем број од граѓаните сметаат дека поради нефер судењето и фактот што овој случај е политички монтиран треба да се повтори судењето.

50,2 проценти од граѓаните сметаат дека треба да има повторно судење за случајот.

Пред четири години за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот на Собранието на 27 април 2017 година, судијката Добрила Кацарска во Основниот суд Скопје 1 на 16 обвинети им изрече вкупна казна од 211 години затвор.

Веќе четири години уставобраните се во затворите без докази, невини, благодарение на лажни сведочења и корумпираниот правосуден систем контролиран од власта.

Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков беше осуден на 18 години затвор. Митко Пешов од МВР доби 15 години затвор. Душко Лазаров од МВР осуден е на 15 години.

Горан Ѓошевски Леви, тогашен шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски е осуден на 15-годишна затворска казна. Оливер Поповски од МВР на 13 години, неговиот колега Оливер Радулов, на 10-годишна затворска казна. Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање доби 15 години, а Абдуљфета Алими доби 7 години затвор.

Младен Додевски доби 12 години. Јане Ченто доби 15 години, Горанче Анѓеловски 12 години. Игор Југ е осуден е на 12 години затвор. Влатко Трајковски доби 15 години, Вилијам Михајловски 14 години, Никола Митревски Кољо 15 години, Александар Василевски-Нинџа кој беше крунскиот сведок на Вилма Русковска доби само 8 години.

Компаративно случајот 27 април многумина го споредуваат со случајот со упадот во Конгресот овој јануари за кој неодамна беше изречена првата судска пресуда.

Осудениот Пол Хоџкинс (38) пред судот изјавил дека жали поради направените кривични дела „нанесување штета на зградата на Конгресот“ и „нарушување на функционирањето на членовите на Конгресот“.

Откако се изјасни за виновен и изрази жалење за тоа, Судот одлучи да му ја намали затворската казна од 18 месеци, побарана од обвинителите, по што судот го осуди на осум месеци затвор, ова беше првата пресудата за случајот во САД.

Во нападот на Конгресот имаше и човечки жртви, но сепак највисоката изречена казна на барање на американското обвинителство беше 44 месеци или 3 и пол години затвори. За еден од протестантите денес обвинителите бараат казна од повеќе од 4 години, што е повторно пониска од од најниската која ја пресуди Кацарска од 7 години затвор.

Од она што можеме да го видиме од анкетата на голем дел од граѓаните им пречи селективната амнестија во очи на гласањето на уставните измени со цел промена на уставното име на државата.

Дека Законот за амнестија е донесен и со цел да успее процесот на уставните измени, согласно Договорот со Грција за промена на името на државата изјави и самиот премиер во оставка Зоран Заев.

-Очекувам дека за овие одлуки јас ќе ја платам политичката цена. Под политичка цена мислам на избори. Граѓаните кажуваат и оценуваат на избори. Да, точно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставните измени. рече Заев.

Да се потсетиме дека за шведскиот суд упадот од 27 април 2017 година во македонското Собрание е бунт, а не терористички акт, а барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на Дејан Давидовски, еден од обвинетите за тероризам и уривање на уставниот поредок, беше одбиено од шведскиот Врховен суд. Во објаснувањето на Шведскиот врховен суд се изразува сомнеж дека случајот во Македонија е политички монтиран и политички мотивиран.

Во поглед на неславниот јубилеј, односно 4 цели години од апсењето на патритоти за настаните од 27-ми април, ИПИС го спроведе ова истражување. Истражувањето е направено на репрезентативен примерок од 1100 испитаници во кои е испочитувана демографската слика на Македонија во поглед на пол, малцинства и образование.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This