Pyckитe вakцини нeмa да се нaбавyвaaт преку српскиот пocpeдниk, велат од МЗ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство попладнево го демантираше Никола Лакушиќ, Србин од Швајцарија, кој за регионалната редакција на „Ал Џазеира“ тврдеше дека меѓу останатото, тој бил и посредник при набавката на вакцините „Спутник В“ за Македонија, БиХ, Алжир и Бугарија.

Според прес-службата на Министерството за здравство на Р.Македонија, се работи за ноторна лага на Лакушиќ.
– Информацијата е лажна, како што е наведено и во демантот од МЗ – набавката на вакцината Спутник В од самиот почеток се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во Москва и нема никаков посредник во комуникацијата.

Никола Лакушиќ пак е под прогон на српските власти, каде се соочува со кривична пријава, а српското МВР води и криминално досие.

Лакушиќ во изјава за регионалната редакција на „Ал Џазеира“ тврди дека тој е посредник за набавка на руските вакцини „Спутник В“ како претставник на швајцарската компанија „Свис Алјанас трејд“, компанија која според новинарската истрага не постои во Централниот регистар на Швајцарија. Лакушиќ за „Ал Џазеира“ тврди и дека се склучени договори за неговото посредништво во вид на договори за провизија, но од МЗ демантираат дека таков договор постои.

Од македонското министерство за здравство додаваат дека набавката на вакцината се одвива исклучиво преку КОВАКС системот, во кој државата се јавува како единствен набавувач, а цените кои се плаќаат за вакцините се препорачаните од производителот без простор за провизија при посредништво.

– За набавка на вакцини против Ковид 19, без разлика дали станува збор за Спутник В, Синофарм, Астра Зенека или Фајзер, или Ковакс механизмот, нашата држава ја плаќа цената на вакцината понудена од производителот. Потенцираме дека нема провизии за ниту една набавка на вакцини против Ковид 19. Не постои никаков договор, ниту посредник, ниту провизија за набавката на вакцината Спутник В, велат од македонското МЗ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This