Tалибанската влада нема да пpeживее долго доколку ги повтори гpeшките и владee нacилно, предупредуваат порaнешните лидери на Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Делегација на истакнати авганистански лидери и функционери предупреди денеска дека талибанската влада нема да преживее долго доколку ги повтори грешките од минатото.
Делегацијата, предводена од претседателот на авганистанскиот Парламент Мир Рехман Рехмани, разговараше со новинарите денеска во Исламабад по средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан и други владини и воени претставници, пренесува АП.
Поранешниот авганистански потпретседател Мохамед Јунис Кануни изјави дека идната влада во Авганистан треба да биде инклузивна, со учество на сите етнички групи.
„Ние се противиме на владеењето на една партија или група“, рече тој.
Познатиот политичар Калид Нур рече дека Талибанците не можат насилно да владеат во Авганистан и предупреди дека нивното владеење ќе трае кратко доколку не ги почитуваат човековите права.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This