Дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски преку статус на Фејсбук пишува дека денеска добил писмо од страна на Ловечката федерација на Македонија.
-Денеска добив писмо од страна на Ловечката федерација на Македонија, во кое тие нотираат поголем број на барања, кои ги очекуваат од идната власт.
Внимателно го прочитав писмото и нивните барања ги анализирав, и со сигурност можам да кажам дека во нас ќе имаат стабилен партнер со кој ќе можат да ги разговараат сите нивни барања, по што заеднички ќе дојдеме до решение.
Во мене и во ВМРО-ДПМНЕ Ловечката федерација ќе има пријател, партнер и сојузник, стои во неговиот пост на Фејсбук.