Taжнa вecт: Пoчинa пoзнaт пpoфecop нa Филозофскиот факултет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Скопје на 59-годишна возраст почина проф. д-р Владимир Давчев, редовен професор на Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, соопштија од Факултетот.

Професорот Давчев беше 1962 година во Скопје. Основно училиште и гимназија завршил во Скопје. По завршувањето на гимназијата се запишува на Филозофскиот факултет во Скопје на групата за филозофија. На Филозофскиот факултет почнува да работи од 1988 година како помлад асистент и истата година се запишува на постдипломски студии на Институтот за филозофија. Во 1994 година магистрира на Институтот за филозофија, а звањето доктор по филозофски науки го стекнува во 2000 година. Во наставно – научното звање доцент е избран во 2001 година. Во периодот од 2003 до 2007 година бил претседател на Филозофското друштво на Македонија. Беше долгогодишен член и претседател на редакцискиот одбор на годишниот зборник на Филозофскиот факултет.

На Институтот за родови студии во 2005 година започнува да работи како вонреден професор, а во 2010 година Наставно – научниот совет го избира во звањето редовен професор за научните области: Современа филозофија, Филозофија на техниката, Историја на родот и полот, Антропологија на родот и урбана антропологија.

За време на својот академски развиток на Филозофскиот факултет проф. д-р Владимир Давчев објави значајни научни трудови и оствари исклучителни наставно – научни и истражувачки резултати со кои остави траен белег во академската заедница.

Засекогаш ќе ја паметиме неговата смиреност, трудољубивост и професионална посветеност кон сите обврски поврзани со активностите на факултетот. Комеморативна седница ќе се одржи во понеделник на 16 август во 11 часот, преку видеоконференциска врска на Зум платформата, соопштија од Филозофскиот факултет во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This