Taлибaнцитe ce пpeд пopтитe нa Kaбyл – САД ja eвaкyиpaaт aмбacaдaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанците денеска без борба го освоија источниот авганистански град Џалалалбад, со што владата сега ја контролира само територија на главниот град Кабул и околината. Талибанците сега ги контролираат сите гранични прмеии во земјата.

Хеликоптери слетуваат во амбасадата на САД во Кабул, а дипломатските возила го напуштаат комплексот додека талибанците напредуваат кон главниот град. Истовремено, од покривот на амбасадата се издига чад. Американските власти рекоа дека дипломатите во амбасадата почнале со уништување на докумените.

Додека талибанците напредуваат кон Кабул, десетици илјади бегалци ги напуштија домовите барајќи спас од нив. Илјадници цивилни бегалци сега живеат во парковите во Кабул, во градот денеска е мирно, но дел од автоматите за пари не работат, а пред банките има редици на луѓе кои сакаат да си ги повлечат заштедите.

Падот на Џалалабад, близу главниот граничен премин со Пакистан, значи дека владата го контролира само Кабул и уште 6 провинциски главни градови од 34-те во земјата. Во офанзивата што трае една недела, талибанците ги победија, придобија или ги натераа во бегство авганистанските безбедносни сили иако тие имаа помош од воздух од војската на САД.

Претседателот Ашраф Гани, кој вчера се обрати првпат откако почна офанзивата, се чини дека се повеќе е изолиран. Паравоените команданти со кои тој преговараше за помош се предадоа на талибанците или избегаа, и го оставија Гани без воооружени сили. Исто така, преговорите во Катар, каде е седиштето на талибанската команда, не го запреа нивното напредување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This