Taчи останува во пpитвop: Cyдот во Хаг ги oдби жaлбите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешните политички лидери на ОВК, Хашим Тачи и другите началници на паравоени сили остануваат во притвор на Специјалниот суд во Хаг, откако Апелацискиот совет ги одби жалбите на одбраната.

Советот на Апелациониот суд во Хаг го потврди притворот за поранешниот главен командант на ОВК и поранешен претседател на Косово, Хашим Тачи, како и за другите началници на таа паравоена единица, пренесува РТС.

На 30 април, Советот донесе четири решенија со кои беа одбиени жалбите на одбраната на Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи против одлуките на судијата на претходна постапка, со кои беа одбиени четирите барања за привремено ослободување, според веб-страницата на Специјализирани комори на Косово. Со седиште во Хаг.

Во февруари, Тачи и другите побараа од судијата на претходна постапка да им го укине притворот и да ги ослободи привремено, што судијата го одби и тие се жалеа.

Специјализираното обвинителство на Косово потоа побара од апелациониот совет на судот да ги отфрли жалбите во целост и да ги потврди решенијата со кои им е продолжен притворот.

Обвинет за голем број воени злосторства и злосторства против човештвото
Хашим Тачи и другите беа уапсени на 5 ноември 2020 година. Тачи претходно поднесе оставка и се предаде на Хашкиот трибунал.

Сите четворица поранешни началници на ОВК се обвинети за голем број воени злосторства и злосторства против човештвото и се товарат за злосторства на 40 места каде што луѓето биле неосновано лишени од слобода, мачени и убиени и се соочувале со доживотен затвор.

Во обвинението на Специјализираното обвинителство на Косово се наведува дека злосторствата за кои се товарат биле сторени во периодот од март 1998 година до најдоцна до септември 1999 година на повеќе места во Косово, како и во Кукс и Кахан, во северна Албанија.

Според обвинението, делата ги сториле припадници на ОВК против стотици цивили и лица кои не биле активни учесници во непријателствата.

Тачи, Весели, Селими и Красниќи носат индивидуална кривична одговорност, според различните форми на кривична одговорност, за злосторства извршени во контекст на вон меѓународниот вооружен конфликт на Косово, кои беа дел од широко распространет и систематски напад врз лица за кои постои сомневање дека се против ОВК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This