Taceвски-ниe cмe изгyбeнa генepација: Пpoкоцкавме мнoгy нeштa, не изигpaa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опуштете се, ова што го изгубивме како држава и Македонци на маса, не се враќа поинаку освен со вооружена борба, напиша на Фејсбук актерот Сашо Тасевски, објаснувајќи дека не повикува на војна, туку дека мисли на некои идни генерации во некое идно време.

„Ние не сме оние кои загубеното ќе го вратат. Мојата генерација прокоцка и пропушти многу нешта. Бевме надиграни и изиграни. Затоа без нервози. Мора прво да прифатиме дека сме надиграни. Понижувањата кои ќе следат ќе бидат уште пострашни. Во сопствената татковина ќе се чувствуваме како гости. Ќе бидеме цел на разни дискриминации по етничка основа. Ќе минуваме низ истите драми како во 19 и 20 век. За нас историјата се повторува. Нејзината лоша страна. Конечно ќе го досегнеме дното. Тогаш ќе почне вистинскиот отпор. И пак чичо Јово на ново. Ќе дојде нова генерација Македонци кои ќе мораат со крв да го плаќаат она што сегашната квислиншка банда на власт лесно го распродаде. Се молат идиотските пера на СДС и самонаречени граЏански интелектуалци, да не вадат наслови од постов од типот, Тасевски повикува на војна, зашто пишувам за некои идни генерации, во некое далечно идно време, оти од нас се виде до каде сме и шчо напрајфме. Криво ми е само што си ги познаваме дедовците кои се бореа да создадат македонска држава и ја создадоа, а ние дозволивме домашните велепредавници и странски слуги да ја раскрчмат. Добро е што тие наши дедовци не дочекаа да го видат сето тоа. Умреа некако горди што, ете, на внуците им оставиле барем држава“, напиша Тасевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This