Taceвcки: 3axapинче, вие на Мocква и ceдевте вo cкyт 45 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кај вас по подруми луѓето уште кријат слики од Сталин и Брежњев. Вашата матрица на однесување е сталинистичка. Брутална и нетолерантна. Тоа го покажувате кон нас со децении.

А ви пречи и дека со Србите сме биле блиски.

Точно е. И со Хрватите сме блиски и со Босанците, со Црногорците, со Словенците. Некогаш бевме блиски, делевме иста држава исти проблеми исти надежи. И лебот сме го делеле. И додека вие најпримитивно не навредувате со месеци во обид да не побугарчите силеџиски, јас не чув некои од тие Хрвати, Срби, Словенци, Босанци да ве поддржи во тоа. Напротив тие застанаа на наша страна. Некогаш бевме браќа и сестри со нив, но уште се почитуваме и покрај се што се случи меѓу нас во деведесетите.

Е тоа вие тешко дека некогаш ќе го научите. Почитта кон нас. И додека тоа не го научите немаме причина да ве сакаме. Никаква.

И уште ова…

Ги замолувам Србите да не притискаат кај Нобеловецот да го врати српскиот во училиштата еве зошто:
Прво, мислам дека ќе ги искористи Србите како параван, зад кој ќе го внесе во училиштата и бугарскиот за изучување.

Второ, мислам дека ги лаже како што лаже за се друго

Почекајте уште малку нека си заминат овие квислинзи од власт. Нека дојдат други и ќе добиете тоа што го сакате. Убеден сум, пишува на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This