Teзата дека некој плати 14 милиони евра да ги pacипе однocите помеѓу Бугарија и Македонија е cмeшнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само човек кој не видел како изгледаат 14 милиони евра може да тврди дека македонски бизнисмен платил 14 милиони евра за Македонија да добие блокада на патот кон ЕУ, вели Милош Милошевски во најновото последната епизода „Тешки муабети“ .

Љупчо Палевски истакна дека Петар Богојески е класичен врховист, а Васко Евтов со својот текст и теза дека некој намерно ги расипува односите помеѓу Бугарија и Македонија е негирање на фашистичкото оденсување на Бугарија кон Македонија и врховизмот кој со векови еден од најголемите проблеми со кои се соочува македонскиот народ.

-Бунтур од Крушево е класичен врховист. Бунтур како духовно чедо на Партениј заедно со Васко Ефтов мислам беше автор на текстот денеска пласираат дека сето ова што го говорев од баба и на Шекеринска до татко му на Владе Милчин не постои и дека некој бизнисмен  немал што да прави и дал пари Гоце Делчев да биде Бугарин. Ако некој бизнисмен е толку настран да даде 14 милиони евра тогаш би го направил да биде роден во неговото родно село, тоест не е негово родно село туку на неговиот татко, Марена во Кавадарци. Гоце Делчев не е роден во Кукуш давам 14 милиони евра Гоце да биде роден во Кавадарци. Зошто? Така. Имам задоволство да фрлам 14 милиони евра. Има повеќе употребни вредности таа глупост што ја има напишано едната пред се дефокус, вели Палевски.

Според него тезата е смешна, а врховистите се беспрекорни во изведбата на својот проект.

-Тезата дека бизнисмен платил 14 милиони евра Бугарија да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ е смешна. Врховистите до сега беа беспрекорни во изведба на овој душмански проект.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This