Toдopoв во дeтaли за 27 април: Имaвмe paзговори за шиpoка кoaлиција, бeвме нa добap пaт до договop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс министерот во владата на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров, за време на денешното сведочење во предметот “Организаторите на 27-ми април”, рече дека настаните на 27-ми април нанеле штета за сите, физички за СДСМ, а политички за ВМРО-ДПМНЕ.

Тодоров за прв пат во јавноста откри дека имало и разговори за широка коалиција.

“Ова за прв пат го зборувам. Ние имавме разговори за широка коалиција и затоа тој ден бев многу нервозен и растревожен. Ние бевме на добар пат за таа широка коалуција, која требаше да ја стави државата на патека за членство кон ЕУ и НАТО”, сведочеше Никола Тодоров.

Тодоров сведочеше за случувањата во законодавниот дом и дека добил повил од Шеќеринска која го информиралата дека тие се наоѓаат во прес салата и дека има едно лице убиено.

“Веднаш се јавив кај директорката на Итната медицинска помош која испрати екипа, но истата не можеше да влезе во Собранието. Јас се обидов да се симнам и да ги внесам, но бевме истуркани и не успеавме да стигнеме до прес салата. Се упативме во една од канцелариите во Собранието, мислам дека беше на обезведувањето, и тогаш започна акцијата на полицијата. Прва интервенција беше врз полицаец кој беше повреден од шок бомба. Потоа јас се качив на трети кат и го барав Села заедно со двајца доктори…”, сведочеше Тодоров.

Овој настан има многу трауми, сите загубија, а ВМРО-ДПМНЕ загуби од 70.000 до 100.000 гласови, нагласи Тодоров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This