TPAГЕДИЈА- РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПРЕНЕСУВААТ: Македонија со најголема смpтнocт во регионот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е прва меѓу шесте републики на поранешна Југославија според стапката на смртност од коронавирусот од 4,5 проценти, изведена од 663 позитивни и 30 починати досега, се констатира во прилогот на регионалната телевизија Н1.

Втора со стапка од 4,1 отсто е Босна и Херцеговина, во која до денеска се потврдени 857 случаи и 35 жртви.

Следува Словенија со 3,8 отсто, односно 1.124 заразени лица и 43 мртви.

Србија има стапка на смртност од 2,3 проценти, но и со најголем број потврдени случаи (2.867), како и со бројот на смртни исходи (66).

Хрватска има два пати пониска стапка на смртност (1,4 отсто) од просекот во бившите југословенски републики (2,7 отсто), со 1.407 позитивни на Ковид-19 и 20 починати.

На дното е последната држава во Европа со пријавен случај на коронавирус, Црна Гора, со стапка на смртност од 0,8 отсто, 252 заразени и двајца починати.

Десетте земји со најголема стапка на смртност од Ковид-19 во Европа се: Италија (12,7 отсто), Велика Британија (12,3 отсто), Холандија (11 отсто), Франција (10,4 отсто), Сан Марино (10,2 отсто), Белгија (10,1 отсто), Шпанија (10 отсто), Шведска (8,7 отсто), Унгарија (6,7 отсто) и Албанија (5,6 отсто).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This