Tpaгичнa cooбpaќajнa нecpeќa нa пaтoт Скопје-ХЕЦ Козјак: 23 гoдишнo лицe гo зaгyби живoтoт, мeѓy пoвpeдeнитe имa и нeкoлкy мaлoлeтници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице е починато во сообраќајна незгода во која учествувале неколку возила во скопско, информираат од министерството за внатрешни работи.

Синоќа околу 21,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје- ХЕЦ Козјак се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. (23) од Скопје, патничко моторно возило “форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К. (30) од Скопје и патничко моторно возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К. (43) од Скопје.

На местото на несреќата починал возачот М.М. а со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото “опел корса“ Б.С. (24) од Скопје и малолетен сопатник од возилото “форд фокус“ констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.

Со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ се здобила и Р.К. и сопатниците од истото возило Б.К. (31) и двајца малолетници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This