Cocтojбaтa нa Koвид-19 вo Македонија ce влoшyвa: Бpojoт нa хocпитaлизиpaни пaциeнти ce иcкaчи нa 1.015 – oтвopeни нoви Koвид цeнтpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се зголемува бројот на лицата заболени од ковид-19 кои се на болничко лекување во ковид центрите во Скопје и во болниците низ земјава, а поради зголемениот број на пациенти за хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, за Гастроентерохепатологија, за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатите 24 часа вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат во главниот град и болниците низ земјава изнесува 1.015,  а има околу 350 празни болнички кревети.

Во ковид центрите во другите градови е пријавено дека се лекуваат вкупно 587 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 56, во Штип 38, на инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 42 болни, а во Куманово 92. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 55 лица, во Прилеп 93, во Гостивар 31, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица лежат 37 пациенти, во Кочани 5, во Кичево 6, во Кавадарци 68, во Гевгелија 10 пациенти, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 55 нови пациенти во последното деноноќие, а вкупно 428 лица се лекуваат на инфективните оддел. На Интерните клиники имало 36 приеми, во ГОБ „8 Септември“ 8, 3 на Инфективна клиника, а 8 во  Козле.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 192 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ се 76 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле 25, а на ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

„Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен, утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, информираат од Министерсвото за здравство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This