Tpaгeдиja: Oд Koвид-19 пoчинa 24 гoдишнo мoмчe oд Ресен, вчepa тpeбaшe дa cлaви poдeндeн…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Примен со масивна бронхопневмонија и со тешкотии во дишењето младото момче ја изгуби битката со опасниот вирус.

Уште една трагедија ја потресе Преспа. Момче од Ресен на 24 години утрово почина на Инфективното одделение во Битола како последица од Ковид-19.

Вчера, на денот на роденденот наместо да го слави животот, лекарите во битолското Инфективно одделение се бореле за неговиот живот. Но, примен со масивна бронхопневмонија и со тешкотии во дишењето младото момче ја изгуби битката со опасниот вирус.

Состојбата кај момчето нагло се влошила. Од Битолската клиничка болницата велат дека кај нив бил донесен со ниска сатурација.

-Пациентот (24г), од Ресен на 25 август беше хоспитализиран во делот за суспектни за Ковид-19, во Ковид центарот во КБ Битола, во тешка општа состојба со ниска сатурација, со масивна бронхопневмонија. Веднаш поставен на соодветна комбинирана терапија и перманентна максимална кислородна поддршка. Земен брис, добиен ковид позитивен резултат. Кај пациентот и покрај преземените интензивни и реанимациони мерки настапи смрт утрово, потврдува за „Независен“ д-р Билјана Гагачовска, директор на Битолската клиничка болница.

Според неа починатиот не бил вакциниран.

Неофицијално, ресенчани раскажуваат дека момчето пред десеттина дена правело свадба и така се заразило, но оваа вест не можевме да ја потврдиме досега.

Многу животи во изминатата година однесе Ковид-19 во Преспа, од почетокот на кризата до денес починати се 38 лица. Во Ресен вчера беа потврдени 15 случаи на новозаболени со вирусот. Во градот има 115 активни случаи.

Се потешка станува состојбата со ковид кризата во регионот. Битолската болница повторно згрижува болни од околните градови. Денеска се хоспитализирани 31 лице, а во ковид амбулантата и амбулантата за суспектни на вирусот претпладнето се прегледани 55 пациенти од Битола и регионот.

Извор: nezavisen.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This