April 30, 2024, 11:31 am

Tpka koн днoтo: Европа не може да го peши пpoблemoт со cиpomaштиjaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од една страна земјите членки бирократски се ограничени колку можат да трошат државни пари, од друга страна истите тие се во постојана „трка кон дното“ кој ќе обезбеди пониски даноци на приход и пониски плати.

Заклучокот на специјалниот пратеник на ОН за Европската Унија, професор Оливер де Шутер, е дека:

„Внатрешниот натпревар за намалување на даноци и плати меѓу земјите членки кои сакаат да привлечат нови инвестиции е во опасност дополнително да биде распален од брегзит, бидејќи Британија ќе бара своја конкурентска предност во однос на 27 земји членки на Унијата.“

Според Шутер, иако стапката на оданочување е одредена од националните влади, постои „мек“ внатрешен притисок за зауздување на дрските политики кои повеќе нема да важат за Британија.

Главниот „страв“ на Шутер е дека брегзитот само дополнително ќе ја зголеми конкурентноста меѓу ЕУ и Британија, па двете страни постојано ќе работат на сопствена штета во интерес на собирање нови инвестиции.

Иако во рамките на институциите на блокот има „добри намери“ кон намалувањето на сиромаштијата, претходниот таргет што ЕУ го има за вадење на 20 милиони лица од сиромаштија до 2020, беше утнат за околу 8,7 милиони луѓе.

Моментално, секој петти жител на Унијата, или над 92,4 милиони луѓе, се уште живее во сиромаштија, која се дефинира како приход кој е под 60% од националниот медијан приход.

Тоа што го разочарува специјалниот пратеник на О.Н. е што иако има можност ЕУ да излезе на прав пат во однос на сиромаштијата, има многу мали показатели дека тоа воопшто е во фокусот на Унијата.

„Впечатокот што го добив од разговорите со тимовите во Франција, Италија и Шпанија кои ги подготвуваа националните планови за закрепнување од кризата (од ковид), е дека сите работат под огромен притисок и дека немаат време. Тие мораат брзо да смислат како ќе ги потрошат овие пари.

Крајните планови треба да ги подготват до април, и е многу тешко мудро да ги трошиш парите кога си под таков притисок, И така, на пример, консултацијата со општествените партнери е сведена на минимум. И многу често луѓето кои живеат во сиромаштија не се вклучени.

Па затоа приоритетите се базираат на технократска процена на тоа што треба да биде направено. И на ефектот што би го имале вака големите фондови, но не на здрава процена на социјалните потреби. Мислам дека ова може да доведе до природно закрепнување кое нема да биде комплетно скроено според потребите на луѓето што живеат во сиромаштија,“ објаснува професорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This