Xоспитализирана бугарската прва дама: Сопругата на Радев во болница поради компликации од ковид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопругата на бугарскиот претседател, Румен Радев, Десислава Радева, е примена во софиската болница „Свети Иван Рилски“ во тешка состојба, јавуваат повеќе бугарски медиуми. Радева била примена на невролошкиот оддел во болницата „Свети Иван Рилски“ во понеделникот попладне откако се пожалила дека 12 часа има силна и непрекината главоболка. Испитувањата и ангиографијата покажале дека таа има три аневризми во мозокот. Во текот на вчерашниот ден преку интервенција врз артериите била направена и проверка на состојбата на аневризмите.

Медиумите се повикуваат на изјави од лекари во болницата, кои изјавиле дека нејзината состојба е сериозна, но засега стабилна.

Десислава Радева беше позитивна на корона вирусот во средината на февруари. Тогаш таа и нејзиниот сопруг поминаа 10 дена во изолација и ги одложија сите предвидени активности во тој период. Аневризмите, според нив, се последица од прележаниот Ковид.

Официјални информации нема ниту од болницата, ниту од Кабинетот на Претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This