Дипломатска вojнa против Русија: САД и Полска ги протepaa руските дипломати, Велика Британија го повика рускиот амбасадор на консултации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции кон Русија, кои опфатија повеќе од 30 лица и компании и одлучија да протераат 10 руски дипломати.

Причината за воведување нови санкции, како што тврди Вашингтон, е мешањето на Москва во американските избори во 2020 година и сајбер нападот за кој американската влада ја обвинува Русија, пренесуваат агенциите.

Нападот врз софтверот на компанијата „Солар Виндоус“ им овозможи на хакерите пристап до илјадници компании и владини агенции кои го користат тој софтвер.

Полска, пак прогласи тројца вработени во руската амбасада во Варшава за персона нон грата, соопшти полското Министерство за надворешни работи.

„Рускиот амбасадор во Полска беше поканет во Министерството за надворешни работи на 15 април 2021 година. На амбасадорот му беше врачена протестна нота која содржи информации за прогласување на тројца вработени во Руската амбасада во Варшава за лица неграта “, се вели во соопштението.
Министерството за надворешни работи ја наведе причината за донесувањето на оваа одлука: „споменатите лица ги прекршиле условите за дипломатски статус и се занимавале со работи што и штетат на Полска“.

Претходно беше објавено дека рускиот амбасадор е поканет во Министерството за надворешни работи, меѓу другото, поради воведувањето на нови американски санкции против Русија и ситуацијата во источна Украина.

„Друга причина е моменталната состојба на источната граница на Украина“, се вели во соопштението на агенцијата.

Во текот на денот, исто така, Министерството за надворешни работи на Велика Британија го повика рускиот амбасадор во Лондон, Андреј Келин, поради „непријателска активност“ на Русија, се наведува во соопштението на Форин офисот.

„Британското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор поради длабоката загриженост на Велика Британија во врска со непријателското однесување на Русија, вклучително и сајбер напади, мешање во дипломатски процеси, зголемување на военото присуство на украинската граница и незаконска анексија на Крим“, се вели во соопштението.

Претходно, британските власти ја обвинија руската служба за надворешни разузнавачки служби дека стои зад кибер нападот СоларВиндс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This