XAОС ВО ЗДPABСТВОТО: Од вистински пример и институција со стабилна финансиска состојба, Здравствениот дом во Прилеп сега е зaглaвeн во долгови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од вистински пример и институција со стабилна финансиска состојба, денеска Здравствениот дом e клекнат на колена и заглавен во долгови.

Денеска сме тука да ја споделиме нашата загриженост со јавноста и да прашаме:

Дали е вистина дека институцијата е заглавена во долгови во висина од 17 милиони денари?

Вистина ли е дека на институцијата и тропаат извршители со извршни решенија за наплата?

Покрај тоа што не работат, не го одржуваат ниту она што досега е направено. Па така, лифтот кој беше еден од бројните реализирани проекти во минатото и придонесе многу во функционирањето на здравствениот дом, а особено беше од помош за постарите лица, денеска не функционира.

Минатата година бевме сведоци дека поради несоодветни гуми за зимски услови, на превојот Плетвар се преврти возило на брзата помош кое превезуваше пациент.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ во оваа институција беа реализирани бројни проекти во вредност од над 50 милиони денари.

Комлетно беше обновен возниот парк на Здравствениот дом и брзата помош при што беа набавени 3 амбулантни комбиња, 2 амбулантни автомобили и 2 возила за домашна посета.

Целосно беше реновирана целата зграда, се промени внатрешната и надворешната дограма, се направи лифт, институцијата доби нови подови, нова фасада и комплетно беше реновирано детското одделение.

Се инвестираше и во современи апарати за спортска и трудова медицина преку набавка на стрес тест лента, апарат за испитување на видот, а домот доби и најопремена биохемиска лабораторија.
 

Од институција пример, денеска Здравствениот дом тоне во долгови со извршни решенија?

Од вистински пример и институција со стабилна финансиска состојба, денеска Здравствениот дом e клекнат на колена и заглавен во долгови.Денеска сме тука да ја споделиме нашата загриженост со јавноста и да прашаме:Дали е вистина дека институцијата е заглавена во долгови во висина од 17 милиони денари?Вистина ли е дека на институцијата и тропаат извршители со извршни решенија за наплата?Покрај тоа што не работат, не го одржуваат ниту она што досега е направено. Па така, лифтот кој беше еден од бројните реализирани проекти во минатото и придонесе многу во функционирањето на здравствениот дом, а особено беше од помош за постарите лица, денеска не функционира.Минатата година бевме сведоци дека поради несоодветни гуми за зимски услови, на превојот Плетвар се преврти возило на брзата помош кое превезуваше пациент.Во време на ВМРО-ДПМНЕ во оваа институција беа реализирани бројни проекти во вредност од над 50 милиони денари.Комлетно беше обновен возниот парк на Здравствениот дом и брзата помош при што беа набавени 3 амбулантни комбиња, 2 амбулантни автомобили и 2 возила за домашна посета.Целосно беше реновирана целата зграда, се промени внатрешната и надворешната дограма, се направи лифт, институцијата доби нови подови, нова фасада и комплетно беше реновирано детското одделение.Се инвестираше и во современи апарати за спортска и трудова медицина преку набавка на стрес тест лента, апарат за испитување на видот, а домот доби и најопремена биохемиска лабораторија.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Monday, February 10, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This