XAOC НА ПОВИДОК ВО ДЕМИР ХИСАР: Доктор зapaзeн со kopoнавиpyc одел на работа, се уште нe се тecтиpaни вработените и пaциeнтитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На повидок е вистински хаос во душевната болница во Демир Хисар, откако доктор кој е тестиран позитивно на коронавирусот од Прилеп бил на работа од 25.март, иако претходно предупредил дека е можен носител на вирусот

Според информациите на „Инфомакс“, сега потврдениот случај на заболен доктор од Прилеп, носител на КОВИД-19 вирусот од 25.март по повик на стручната директорка на душевната болница во Демир Хисар редовно ги обавувал своите обврски. Докторот водел редовни визити кај заболените, за среќа со заштита, но контактите со колегите и менаџментот на болницата биле без соодветната заштита.

Иако предупредувал дека е можен носител на коронавирусот, бидејќи во меѓувреме се грижел за неговите баба и дедо кои исто така боледуваат од коронавирус, стручната директорка инсистирала тој да дојде на работа на 25.март, иако користел редовен годишен одмор. По инсистирањето на директорката, тој отишол на работа со покачена температура. Благодарение на совесноста на докторот, пациентите биле посетувани со заштитна опрема, па ризикот од заболување на пациентите со КОВИД-19 е намалена.

Освен со пациентите, докторот имал редовни контакти со колегите, а редовно се одржувале и стручните колегиуми на институцијата на која биле присутни најмалку 10 лица од раководството на болницата.

Во моментов, во изолација се четири лица. Уште еден доктор со кој бил заедно на дежурство и три медицински сестри-техничари.

На ниту еден од вработените во болницата ниту на пациентите не им е извршен тест за коронавирус. Тестирање имаат закажано за наредните денови во некоја од приватните болници, но само за раководството на болницата.

Во болницата има 250 пациенти кои се сместени во кревети, 50-тина во дневна болнца или вкупно 300 пациенти кои редовно биле во контакт со вработени во институцијата.

Во склоп на душевната болница има и геријатриско одделение со 60 редовно сместени лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This