XAOC ПО ПОКАЧЕНИТЕ ДАНОЦИ: Огромен дел од граѓаните со високи примања отворија сметки во странство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прогресивниот данок ги натера вработените со високи примања да отворат сметки надвор од државата поради пониските даночни стапки, велат од Стопанската комора. Според нивната анализа, врз 49 отсто од компаниите негативно влијаела новата даночна политика, а 51 од компаниите се изјаниле дека нема никакво влијание. Но, од Комората потенцираат дека даночењето со 18 отсто наместо со 10, не влијае во секторите кои имаат пониски плати.

Позитивниот ефект од водедувањето на прогресијата врз буџетските приходи ќе биде далеку помал отколку негативните ефекти кој ќе се одразат практично на вкупното деловно опкружување. Клучна причина поради која променетата даночна политика во овие сектори се пониските плати, така на пример, во прерабоодувчката индустрија просечната плата за првите седум месеци изнесува 20.624 денари, а во градежниптвото 22.728 денари – изјави Анета Димовска-Стопанска комора.

За тоа какви се ефектите од воведувањето на прогресивниото данок во првтаа половина од годинава министерката за финансии Нина Ангеловска вели се уште се во тек анализите.

Министерството за финансии ги разгледува ефектите од редистрибуцијата на прогресивниот данок и пак ќе повторам кога ќе кажам дека разгледуваме навистина анализираме и ги испитуваме ефектите – рече Нина Ангеловска Министер за финансии.

Новиот Закон за данокот на личен доход започна да се спроведува од јануари оваа година. Со оваа даночна реформа беше воведана дополнителна стапка од 8 проценти за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно, со што данокот од 10 се зголеми на 18 насто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This