Xoспитализирани околу 600 пaциенти, неколку од нив на рecпиратор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317.

Направените 737 теста се преку: ИЈЗ-241, ЦЈЗ Скопје-42, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори) -146, Систина со PCR метода -142 , лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-24, Инфективна клиника-4, ГАК-9, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 235.775 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 146 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 9 позитивни мајки, 5 деца и 4 мајки суспектни на ковид-19

Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 60, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 295 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This