January 21, 2022, 12:44 pm

Бизарна забpaна во Северна Кореја: Никој не смее да носи кожен капут за да не го копираат стилот на лидерот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Северна Кореја секогаш стигнуваат забавно-страшни вести. Смешни затоа што не можеш да им веруваш на своите очи и уши кога ги гледаш или слушаш, а страшно затоа што знаеш дека од такво нешто може некому да му се заврти главата. Овој пат беше забрането парче облека кое е омилено на нивниот лидер Ким Џонг Ун.

Северна Кореја воведува забрана за кожени палта за да ги спречи обичните граѓани да го копираат стилот на нивниот врховен лидер.Полицијата ги пребарува улиците за да одземе капути и од граѓаните и од продавачите.

На почетокот на годината на партискиот конгрес сите високи функционери пред народот се претставија во кожени мантили. После тоа секој маж, но и жена посака да има еден таков моден додаток. Кожените палта почнаа да се препознаваат како симбол на моќ.

Продавачите на облека дури почнаа да увезуваат синтетичка кожа за да го копираат изгледот на палтата на Ким.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This