January 17, 2022, 5:27 pm

Д-р Дејан Докиќ зa тoa зoштo тoлкy млaди лyѓe ymиpaат oд Koвид-19: Сѐ e дo имyнитeтот и дo гeнeтикaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е во европскиот и светскиот врв на починати од ковид. Црната статистика покажува дека и младите пациенти завршуваат фатално. Во земјава е регистриран првиот смртен случај каде млада девојка на 15 годишна возраст почина на Инфективната клиника поради компликации од коронавирусот. И млад, 22 годишен човек почина од ковид истиот ден. Се вакцинирал со една доза Фајзер вакцина во Германија, а се заразил на свадба во земјава. Едната доза, не била доволна за да го заштити.

Слободен печат побара мислење од директорот на Клиниката за пулмологија и долгогодишен лекар со 35 годишно искуство во областа на пулмологијата, доктор Дејан Докиќ – зошто младите луѓе умираат од коронавирусот во земјава.

-За смртноста од ковид, работата е многу дискутабилна. Меѓутоа, моето лично мислење, со целокупното мое познавање на имунологијата од 35 години е дека се е до имуниот систем. Се е до наследниот генетски фактор. Ако ние имаме организам со добар имунолошки систем, независно од тоа на која возраст е, со напомена дека со староста опаѓа одбрамбената моќ на имунитетот, тогаш тој имун систем ќе биде компетентен да се бори со било кој вирус. И ќе биде способен да надвладее над коронавирусот. Гледаме многу пациенти. Ако лимфоцитите не им паднат многу, тие ќе поминат со лесна клиничка слика. И да се влоши нешто малку состојбата, пак ќе се изборат. Затоа што лимфоцитите им се во голем број. Кај тие што паѓа нивото на лимфоцитите, се развива потешка клиничка слика и како ќе заврши тоа неизвесно е. Се е до имунолошкиот систем на пациентот, многу е индивидуално, изјави за Слободен печат доктор Докиќ.

Тој додаде дека делта варијантата на коронавирусот е за 60 проценти позаразна, а се шири кај младите, зашто тие најмалку внимаваат на заштитните мерки, најмалку се вакцинирани, а нивниот имунолошки систем сега си има работа со агресивен, жесток и разорен вирус.

– Во овој момент повеќе умираат млади затоа што тие повеќе се заразуваат. Првичниот див сој на коронавирусот напаѓаше повозрасни. Но, сега поголем дел од возрасните се вакцинирани. Воопшто не се вакцинираа младите под 18 години до скоро. Значи, дел од повозрасната популација над 18 години прележа, најголем процент на вакцинирани има во повозрасните возрасни групи, така што сега практично останаа младите незаштитени. А овој сој, делта сојот има многу поголема моќ да се пренесува, 60 проценти повеќе и тоа многу повеќе меѓу младите се пренесува. Прво, затоа што се групираат, не водат сметка за растојание и заштитни мерки. Млад човек мисли на забава а не на мерки. Младите не беа заштитени со вакцини, така што помеѓу нив многу полесно и побрзо се шири делта варијантата. Кога сме доведени во ситуација поголем број заразени да се млади, меѓу нив ќе има и такви кои се имуно некомпетентни и нивниот имун систем има некоја ,,фалинка”, која во борбата со некоја обична настинка немал проблем да се справи, но кога доаѓа во контакт со еден агресивен вирус како овој, не е доволен да се справи и може да заврши со тешка клиничка слика или со смрт. Ова е мој став, од моето целогодишно искуство во имунологијата и од целокупното искуство од 35 години работен стаж, вели за Слободен печат доктор Докиќ.

Тој додава дека со витамините може да се подобри имуниот систем, ама не и да се направат чуда.

–Ние можеме, нешто малку со некои витамини да го појачаме имунолошкиот систем, ама во принцип, не можеме да го смениме генетскиот код кој е вроден. Генот лимитира, може да се подобри но не чудотворно. Сето тоа што го голтаме сега во форма на витамини, е во рамките на тие 10 или 15 проценти да се подобри имунитетот, но не може да се направи чудо. Тука е грешката на луѓето. Мислат дека зашто пијат витамини дека имаат супер имун систем. Ќе се вакцинираат мислат дека живеат во скафандер со никаков контакт од надворешна средина и вируси и после велат се заразиле. Вакцината не штити стопроцентно од зараза. И да си вакциниран и да имаш антитела, кога доаѓаш во контакт со надворешна средина каде има вирус, вирусот ќе влезе во организмот. Само што нема болест да предизвика зашто имуниот систем е веќе спремен и го уништува на самиот старт вирусот, без тој да предизвика некои симптоми. Вирусот нешто ќе направи некоја клетка ќе подуништи, ама тоа е минорно и нема клинички да се манифестира. Инаку да не се лажеме, тие што се имуни не значи дека не се заразуваат. Тие се заразуваат но во моментот имаат одбрана и не дозволува таа одбрана да настане болест, додава доктор Докиќ.

Извор: slobodenpecat.mk

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This