January 19, 2022, 8:07 am

Први детали за разговорот меѓу Путин и Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајен, разговарале преку видео врска на повеќе теми – од Украина до сајбер криминалот, соопшти Белата куќа по разговорот меѓу двајцата лидери кој траеше повеќе од два часа.
Според соопштението, Бајден му изразил сериозна загриженост на претседателот на Русија во врска со акумулацијата на руски војници на украинската граница. Тој јасно стави до знаење дека САД и нивните сојузници ќе одговорат со остри економски и други мерки на воената ескалација, доколку таа се случи.
За време на разговорите, Бајден додаде дека ја потврдил својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и повикал на деескалација и враќање на дипломатијата.
„Двајцата претседатели им наложија на своите тимови да продолжат да работат. Соединетите Држави ќе го направат тоа во тесна координација со сојузниците и партнерите“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Се наведува дека Путин и Бајден разговарале и за стратешката стабилност, сајбер криминалот, како и за заедничка работа за решавање на регионалните прашања, вклучително и за проблемот со Иран.

Средбата се одржа преку видео врска и беше затворена за јавноста. На новинарите им бил прикажан само почетокот на средбата, каде двајцата лидери се поздравиле и размениле неколку фрази. Средбата продолжи во четири очи.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This