January 20, 2022, 12:06 am

(Фото) Taлибaнцитe oткpиja тajни cклaдиштa зa оpyжje штo Американците ги ocтaвилe зa cлyчaj дa ce вpaтaт вo Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанците пронашле две тајни складишта за оружје, кои американските сили ги сокриле и напуштиле. Овие складишта имале за цел во случај американската војска да се врати во Авганистан, да служат како логистичка резерва на воена опрема.

Магацините биле планирани за оружје и воена оперма наменети за евентуалните американски антитерористички напади против терористичките групи Ал Каеда и Исламска држава, за кои се смета дека се присутни во Авганистан. Тие биле скриени за да и помогнат на американската војска побрзо да ги нападне терористичките организации, без да биде успорена со доставување на потребниот воен арсенал.

Според извори за „Мирор“, залихите содржат резервни делови за хеликоптери, бидејќи тие би биле неопходни за теренската мисија.

Објава може да погледнете ТУКА.

Магацините кои Талибанците ги отркиле во близина на градовите Мазер-е-Шариф на север и Херат на запад од Авганистан, кои се многу критични за Пентагон.

Ова е еден од најголемите удари за САД во однос на идните операции против Ал Каеда, Исламската држава и други групи кои во моментов го засилуваат своето присутво во Авганистан под талибанското владеење.

Како складиште за логистички материјали што е веќе во земјата, резервите ќе беа непроценлив ресурс што ќе служеше за голема антитерористичка операција – наведуваат западните агенции.

Според аналитичарите, ова укажува на можноста дека војската на САД подготвува планови за евентуален таен напад против терористите присутни во Авганистан во случај американските војници да треба одеднаш да се вратат.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This