Внук осомничен за убиство на сопствената баба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец, кој е осомничен дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

На 6 ноември, во семејниот дом на улицата „Никола Малешевски“, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Со жртвата најпрвин започнал вербална расправија за финансиски средства, по што физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по главата и лицето. Од ударите оштетената паднала, по што осомничениот продолжил да ја удира со тупаници и нозе, нанесувајќи и повеќе телесни повреди од кои починала.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да се обиде да ги прикрие трагите за стореното кривично дело.​​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This