Од „120-те илјади бугари“ во Македонија, вчера гласале само 650 лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централната изборна комисија во Софија, според првичните резултати соопшти дека на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, од Македонија гласале околу 650 бугарски државјани во Скопје, Охрид, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Битола и Штип..

Најмногу гласови, 207, освои ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, а на второ место е ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов со 136 гласа или 20,7 отсто.

Победничката новоформирана партија Промената продолжува, во Македонија освои 68 гласови, или 10,3 отсто. Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов освои 21 глас, или 3,2 отсто.

Првичната бројка гласачи е далеку под прокламираните 120.000 граѓани со бугарско државјанство во Македонија, бројка врз основа на која официјална Софија ги темели своите политики спрема нашата држава.(Пресинг)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This