Сега за сега ништо од стабилното мнозинство на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преговорите за формирање на ново парламентарно засега течат само на неофицијално ниво.

Од Алтернатива , која се чини клучот за стабилизирање и окрупнување на владејачкото мнозинство за Канал 5 велат дека засега официјална понуда од СДСМ не добиле, но не ја отфрлаат можноста за преговори со владејачките партии, иако тврдат дека засега остануваа на линија со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса. Но, дека во тек се преговори за зголемување за владејачкото мнозинство, по вицепремиерот Груби кој рече дека се преговара со сите парии освен со Левица, денеска потврди и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Очекува преговорите да завршат успешно и брзо, без да прецизира кои партии се во игра.

И од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат дали и со кого преговараат за евентуално ново мнозинство. Оттаму и денеска го повикаа премиерот Заев да ги поднесе најавените оставки. Остануваат на ставот дека брзи предвремени избори се единственото решение за излез од политичката криза.

И додека трае неизвесноста околу парламентарното мнозинство, шефот на државата Пендаровски смета дека треба да се почека уште некој ден за да се види во која насока ќе се развива ситуацијата. Во неговата последна изјава дадена завчера околу можноста за одржување на лидерска средба посочи дека потребана е согласност и од власта и од опозицијата. За евентуално распишување на предвремени парламентарни избори, пак, како што вели Уставот е јасен – потребно е мнозинство од 61 пратеник за распуштање на Собранието, кое засега, официјално, го нема ниту власта, ниту опозицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This