СЗО алаpмира да се побрза со заострување на pecтриkтивните мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди земјите со зголемен број инфекции со коронавирусот да не доцнат со заострувањето на мерките за заштита.

„Колку побрзо се воведат мерките, толку потенцијално помалку ќе бидат потребни“, рече во петокот во Женева експертката на СЗО за ковид-19, Марија ван Керхове.

Таа го нагласи фактот дека делта-варијантата на вирусот што сега циркулира е многу позаразна од претходните варијанти.

Неколку земји се во тешка ситуација и мора да воведат „многу строги“ мерки, изјави директорот на СЗО за здравствени итни случаи, Мајк Рајан.

СЗО, како и обично, не издвои ниту една земја, ниту ги коментираше потезите на владата на одредена земја.

Овие мерки вклучуваат широко распространета употреба на маски, физичко растојание, обезбедување на добро проветрени внатрешни простории, избегнување собирање на мали простори и работа од дома кога е можно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This