Авганистан е уште еден пример, а следна е Украина: Каде и да се вмешаат Американците, завршува лошо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот сенатор од Крим, член на Комитетот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата на Русија, Сергеј Цеков, изјави дека сите ситуации во кои интервенираат Соединетите Американски Држави завршуваат лошо. Како што вели, пример е Авганистан, а Украина се движи кон тоа.
„Ако ги споредиме ситуациите, може да се каже дека сѐ во што се мешаат Американците завршува лошо. Особено за нивните поддржувачи. Не постои земја што би живеела среќно по американската инвазија. Најновиот пример е Авганистан. Луѓето не стануваат посреќни по обоените револуции. Откако Американците се оддалечија од вистинската помош и влијание врз ситуацијата, земјата е во многу полоша позиција отколку пред да почнат да им покажуваат како да живеат и што да прават“, смета сенаторот.

„Штом САД ќе сфатат залудноста на користењето на Украина со цел да ја ослабне Русија, таа ќе ја напушти. Но, тоа ќе биде добро за неа. Колку побрзо Украина се ослободи од американското влијание, толку подобро за неа. Украина се најде во бедна состојба и го загуби својот економски потенцијал, бидејќи сите години по стекнувањето независност отфрли сѐшто е руско, следејќи ги Американците. Затоа, Украина треба да запомни добра руска поговорка – дека стариот пријател е подобар од два нови “, истакна Цеков.

Треба да се потсети дека ситуацијата во Авганистан се влоши во последните недели, откако започна офанзивата на Талибанците врз големите градови. Талибанците во неделата ја презедоа контролата врз сите гранични премини.
Во текот на денот милитантите влегоа во Кабул и ја презедоа контролата врз претседателската палата. Во исто време, авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата за, според неговите зборови, „да спречи крвопролевање“. Портпаролот на политичката канцеларија на Талибанците, Мухамед Наим, подоцна објави дека војната во Авганистан е завршена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This