Австралиската Bлaдa ce нajдe нa yдap нa jaвнocтa: Рита Ора бeз пpoблeм влeзe вo Австралија, дoдeкa 40.000 нивни гpaѓaни чeкaaт дa ce вpaтaт дoмa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралиската влада се најде на удар на јавноста и опозицијата за дозволата на пејачката Рита Ора (30) да влезе во земјата и покрај затворањето на државните граници.

Имено, Рита, која ќе се појави во шоуто „ The Voice Australia“ како професорка по пеење и супервизор, во моментов минува низ карантин во хотел од 14 дена.

Членовите на опозицијата и австралиската лабуристичка партија, сепак, ја критикуваа одлуката на владата да и дозволи на Ора, која наводно патувала со придружба, да влезе во земјата пред австралиските граѓани ширум светот, кои сè уште се обидуваат да се вратат дома.

Портпаролката на опозицијата Кристина Кенеали изјави:

– Сè уште има 40.000 австралијци „блокирани“ во странство, започна таа.

– Секоја позната личност што ќе заземе место во карантин му го негира тоа место на австралиецот кој чека да се врати дома, рече таа.

Таа исто така го критикуваше премиерот на земјата Скот Морисон, велејќи дека „ова е уште еден пример за оставање на австралијанците на цедило“.

– Рита Ора не се организираше да го заврши 14-дневниот карантин во приватна организација, што значи дека нејзиниот престој во хотелот зафаќа едно од малкуте слободни места, заклучи Кристина.

Да потсетиме, шефот на еден ресторан во Лондон тврди дека Рита Ора му понудила 5.000 фунти за да ги прекрши правилата пропишани за време на пандемијата Ковид-19 со цел да организира забава за нејзиниот 30-ти роденден, што исто така беше осудено од британската јавност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This