Адвокатите на Трамп ја поднесоа првата одбрана: Сенатот „нема јуриcдикција“ да го cyди Трамп затоа што сега тој е физичко лице

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пресрет на судењето за импичментот на Доналд Трамп, неговите адвокати ги отфрлија обвиненијата против него како „политички театар“, со образложение дека тој не е одговорен за нападот на Капитолот на 6 јануари, при што загинаа неколкумина лица. Адвокатите сметаат и дека е противуставно да се организира сенатски суд за поранешен претседател.

Во извештајот од 78 страници доставен до Сенатот, што е достапен за јавноста, се вели дека веднаш пред говорот на Трамп на 6 јануари во Вашингтон, тој „не посочил никому да изврши незаконски чинови“ и дека тој не е виновен за однесувањето на „мала група криминалци“ кои веднаш потоа насилно упаднаа во Капитол.

Адвокатите исто така инсистрираат дека Сенатот „нема јурисдикција“ да го суди Трамп затоа што сега тој е физичко лице, нарекувајќи го таквиот обид „патентирано смешен“.

Ова е првата правна одбрана на адвокатие на Трамп, откако Претставничкиот дом, поддржан и од десетмина републиканци, изгласа уште еден импичмент поради „поттикнување на побуна“ во Конгресот.

Долниот дом на Конгресот на САД изгласа импичмент против Трамп и во декември 2019 година, за друг случај поврзан со повикот на Трамп до претседателот на Украина, Володомир Зеленски, да влијае на изборите во САД.

Претхондо, самиот Трамп, претходно експресно го одби поовикот на обвинителите во Сенатот, составен од демократи законодавци, да сведочи на судењето кое се очекува да запчне неделава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This