Али Ахмети и Зоран Заев прославија победа во корона избори – со над 2000 починати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип кандидатот за градоначалник на СДСМ, уште не избројани гласови од избирачки места, Сашко Николов со членовите и симпатизерите ја слават, како што велат, победата на денешните избори за градоначалник во Општина Штип.

Николов најави дека прв приоритет ќе му биде формирање на фонд за заштитни маски со којшто секој граѓанин ќе добие бесплатна заштитна маска, по што, како што рече, ќе се зафати со сите инфраструктурни проблеми, но и со реализација на сите проекти кои се во тек.

Се очекува во промотивниот штаб на кандидатот за градоначалник да пристигне и лидерот на СДСМ Зоран Заев. На прес-конференција ќе се обратат заедно Заев, Николов и генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Од Општинската изборна комисија информираат дека тек почнува пристигнувањето на првите избирачки кутии кои членовите на избирачките одбори ги имаат изброено. Во рок од еден час пристигнати се осум од вкупно 77 избирачки места.

Лидерот пак на ДУИ Али Ахмети во објава на Фејсбук објави победа на кандидатот на неговата партија за градоначалник на Пласница, Али Јаоски, на денешните предвремени локални избори.

-Честитки за победата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Али Јаоски, на предвремените локални избори во оваа општина. Оваа победа е потврда на волјата на граѓаните за поддршка на нашите правилни политики за сите граѓани, напиша Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This