April 27, 2024, 10:47 pm

Застрашувачки бројки на заразени од Ковид-19 во Турција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турција регистрира речиси 1,75 милиони случаи на инфекција со Ковид-19 од почетокот на пандемијата, соопшти турското Министерство за здравство, по промената на начинот на регистрација на пациентите, во кој претходно беа вклучени само пациенти кои имаат потреба од медицинска нега.

Министерството за здравство соопшти дека досега, од првата потврдена инфекција во март, имало 1.748.567 случаи, засновани на новата методологија за евидентирање на вирусот.

Турското лекарско здружение претходно предупреди дека дневниот број на случаи е поголем од  владините податоци, во просек околу 30.000 неделно. Анкара минатиот викенд нареди повторно затворање за време на викендот, а се разгледува и можниот четиридневен полициски час за време на новогодишниот период.

Училиштата се затворени од ноември, додека рестораните и кафулињата можат да пружат само услуга за носење. Секој ден има полициски час помеѓу 18 и 2 часот наутро во работните денови, но медицинските групи и опозицијата повикуваат на поостри мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This