Американците ќе добијат приоритетен пристап до вакцината пpoтив ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп утре треба да потпише претседателски указ, со кој би се осигурало дека Американците ќе добијат приоритетен пристап на вакцините кои ги набавува американската влада, изјави денеска еден висок функционер за Ројтерс, кој сакал да остане анонимен.

Трамп беше изложен на бројни критики заради раководењето со кризата со коронавирусот, па сега по секоја цена настојува да добие позитивни реакции заради брзината на развојот и дистрибуцијата на вакцини против ковид-19, наведува Ројтерс.

Анонимен извор од американската администрација тврди дека со претседателскиот указ ќе биде воспоставена рамка на делување на сојузните органи и владините агенции кои би требало да им помогнат на странските држави во процесот на набавка на вакцини, пренесува британската агенција.

Сепак, останува нејасно, заради што е потребен претседателски указ со кој би се регулирала дистрибуцијата на вакцини на територија на САД, но анонимниот извор на Ројтерс укажува дека американската влада е загрижена заради можни сајбер напади кои би можеле да ја загрозат масовната вакцинација и настојува да ги запре и оневозможи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This