Ангелов лaжe велат од ИВЗ: He го ocyдивме ckaндиpaњето У Ч K

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исламската верска заедница не го осудила скандирањето „УЧК-УЧК“, како што тврдеше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

ИВЗ реагира по средбата, коментирајќи дека националните и историските вредности, како што се оние на ОНА – Ослободителна народна армија – или други организации, не биле, и не можат да бидат тема на разговорот на оваа средба.

– Обидот да се земе дел од оваа средба надвор од контекст е пристрасно и злонамерно. Секако дека е непобитен факт, и ние сме горди на тоа, дека ОВК е вредноста што го смени политичкиот и правниот статус на Албанците и, зошто да не, и на сите други заедници во РCМ, што резултираше со потпишувањето на Охридскиот меѓународен мирoвен договор, кој беше вграден во Уставот на РСМ и го отвори патот за реформскиот процес кон евроатлантските интеграции (ЕУ и НАТО) на РСМ“, се вели во реакцијата на ИВЗ – стои во обраќањето на реисот Шаќир Фетаи.

Ангелов заедно со заменик-директорот Екрем Зендели беа во посета на седиштето на Ријасетот каде што остварија средба со Фетаи. Од ЦУК соопштија дека, меѓудрогото, станало збор и за заедничка осуда на скандирањето „УЧК-УЧК“ и „Голема Албанија“, бидејќи тоа директно го дефокусира вниманието од целта на протестите и ја подгрева меѓуетничката нетрпеливост и омраза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This