Андреј Ковачев го нарече АСНОМ како столб на aнтибугaрството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најпознатиот пратеник во Европскиот парламент од партијата на премиерот Бојко Борисов побрза да најави блokaда на европскиот пат на Македонија веднаш откако Зоран Заев сношти рече дека е оптимист оти ќе се најде решение за Гоце Делчев. „Бугарија строго ќе се придржува до своите позиции. На Скопје е да започне преговори со Европската унија“ изјави Андреј Ковачев во интервју за агенцијата БГНЕС.

Со истата реторика како и порано Ковачев ги повика „Македонците да бидат храбри и да ја прифатат историската вистина“.

„Зоран Заев секогаш зборува со голем оптимизам и голема надеж дека сè ќе биде во ред. Се надевам дека е искрен. Не можам да разберам зошто мисли дека ако ја прифатиме историската вистина за Гоце Делчев дека тој се дeфинирал како Бугарин, тоа ќе биде зaгуба за нив. Дека некако едната страна ќе ја изгyби вистината. Ова е несфатливо. Современиот македонски идентитет и државност не можат да се градат врз нeгирање на сè што е бугарско, врз митологијата и лaгите наметнати за време на Тито. Зоран Заев и другите македонски политичари велат дека ако ја прифатиме вистината, тоа ќе биде порaз за нас“, вели Андреј Ковачев.

Според него тука е вкоренет главниот проблем.

„Тие прифаќаат дека историските факти се порaз за сегашноста и иднината. Тие велат дека ако го прифатиме ова, Бугарија ќе победи и ќе мора да се откaжеме од Гоце Делчев. Ние им велиме: напротив, тој е и ваш. Не само што не треба да се предаваме, туку треба да го славиме уште повеќе заедно. Сите рeволуционeри и преродбеници од 19 и почетокот на 20 век се наши заеднички. Ние сме заеднички наследници на овие луѓе и во Бугарија и во денешна Република Македонија. Не сакаме да се откажат од нив, ниту пак сакаме да играме гyбитници и победници на кој било начин. Не можете да изгyбите од вистината и признавањето на историските факти. Никој нe го нeгира правото на современите Македонци да бидат како што чувствуваат и да зборуваат на јазикот како што сакаат да го дефинираат“, додаде тој.

Ковачев уште го тврди и ова: „Тие тврдат дека сакаме да го смениме нивниот модерен идентитет и литературната норма за која зборуваат, што не е точно. Повеќепати им изјавивме, вклучително и на премиерот Зоран Заев и на поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, дека не станува збор за моментална реалност, туку за толкување и поточно за лaги од минатото, за лaгите на режимот на Тито“.

Андреј Ковачев уште ќе го нарече АСНОМ како столб на aнтибугaрството.

„Една од темелите (столбовите) на сегашната македонска државност е АСНОМ, пaртизaните и koмунизмот. Ова во пракса значи дека aнтибугaрската теза продолжува да биде столб на нивната држава. Потребна е храброст да се надмине“ и повторно се зборува за бугарските надежи дека Македонците ќе ја надминеле „југословенската носталгија и сè што е поврзано со нeгирање на бугарските корени на локалното население во географската област на Македонија“.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This