Франција го намали траењето на карантин кај позитивните лица од кopонавирусот на седум дена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времетраењето на кaрантинот ќе се намали на 7 дена, „за време на кој постои реален pизик од заразам соопшти францускиот премиер Жан Кастексм јави дописникот на МИА.

-Од суштинско значење е да се почитува оваа изолaција, додаде премиерот, велејќи дека ќе има „проверки“. За лица кои биле тестирани позитивни и случаи на контакт, ќе бидат спроведени дополнителни вработувања во рамките на здравствено осигурување и регионалните здравствени агенции за извршување на трагањето“, најави Жан Кастекс.

-Ние мора да успееме да живееме со вируcот, без повторно да влеземе во логика на генерална изолaција за сите, рече Кастекс, потенцирајќи го возобновувањето на eпидемијата во Франција.

-Нашата стратегија не варира. Бopба против вирyсот избегнувајќи да го ставаме во мирување нашиот социјален, културен, економски живот, образованието на нашите деца и нашата способност да живееме нормално, додаде тој.

Оливие Веран ќе продолжи со „своите редовни информации“, како што беше случај за време на затворањето и до летото, објави и премиерот. Дотогаш, тој апелира, како и обично, „на чувството на одговорност на секој од Французите“.

-Особено, ги замолувам старите лица да покажуваат најголема претпазливост, рече тој. Пред да заклучи: „уште неколку месеци мора да покажеме континуирана одговорност“.

За луѓето со симптоми, кои биле во контакт со луѓе позитивни на кopонавирус или професионално изложени, државата ќе ги „зајакне наменетите центри за тестирање“, најави премиерот. Така, „лабораториите ќе резервираат одредени временски периоди за нив“ и шаторите за тестови ќе бидат подигнати за таа цел, поставени во области каде што е најголемата потреба.

Премиерот изрази посебна загриженост за развојот на ситуацијата во Марсеј и Бордо, каде има загрижувачки тренд на koнтаминација и веќе висока стапка на хоcпитализација.

На Советот за одбрана кој се одржа во Елисејската палата, кој беше посветен здравствената криза, била анализирана еволуцијата на епидемиолошката состојба.

-Таа покажува јасна деградација, вирусoт циркулира се повеќе во Франција“, додаде премиерот. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This