АНЕВСКИ ЗА ЗВРЛЕВСКИ: Перфектно ја извршува работата, го немам добиено предлогот за негово разрешување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крајниот збор за разрешување на Зврлевски го има Собранието, но Владата прво треба да обезбеди мислење од Советот.

Немам забелешки за неговата работа, државниот обвинител Марко Зврлевски беше перфектен досега, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, по денешната седница.

Тој рече дека сè уште не го добил предлогот од Владата за разрешување на Зврлевски.

Аневски рече дека откако ќе го добијат ќе го испочитуваат законскиот рок од 15 дена во кој треба да дадат мислење.


На седницата во Советот присуствувал и Зврлевски, но тој не даде изјава за медиумите. Крајниот збор за разрешување на Зврлевски го има Собранието, но Владата прво треба да обезбеди мислење од Советот.

Владата вчера на седница одлучи да иницира постапка за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.

„Владата донесе одлука, предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, согласно законските одредби, да го достави до Советот на јавни обвинители на Република Македонија и да побара мислење“, соопшти вчера Секторот за односи со јавноста на Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This