Бастион на македонштината – Среќен роденден: 34 години навивачка група Комити

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешниот ден, 4-ти Јуни е општо прифатен датум на нашето основање, и наш Роденден.

Формирани сме во сосема други околности, во друга држава, во едни други времиња. Вардар и пред нашето формирање има организирана поддршка од трибините, прво од источната а потоа со нашето формирање, од Западната трибина, каде започнуваат да се истакнуваат црвено-црни знамиња на кои стои името Комити.

Од тогаш до ден денес, никогаш не престанаа да се веат нашите шалови и знамиња, да се пеат нашите песни, да се скандираат нашите слогани, да се истакнуваат нашите пароли, да сме покрај Вардар било кога и било каде.

Прва година и прва голема титула !

Вардар е прво Есенски Шампион, а потоа и станува Шампион на СРФЈ, титула која потоа е оспорена од Судот на СФРЈ, а сепак е признаена од УЕФА.

Многу дружби, патувања, титули, радосни и тажни моменти, битки, војни, победи, порази, славје, контроверзии, генерации сменети, но од тогаш до денес Западната трибина е место каде се собираме за да бидеме покрај Вардар на посебен начин, без калкулации, без компромиси, без повлекување и без предавање.
Многу пати сакале да ја злоупотребат нашата енергија, без да ја разберат нашата борба. Трн во око сме за некои, за поголемиот дел гордост со која се диват и идентификуваат. Во нас многумина гледаат надеж, а некои други опасност. Во нас има потенцијал и волја за големи дела, многу пати покажавме, ќе докажеме и во иднина.

Каде игра Вардар таму сме и ние, па по точно три децении повторно ќе бидеме во втора лига, но дали е прва, втора, трета или општинска, ништо не менува затоа што е Вардар Засекогаш !

Ракометниот Клуб Вардар својата прва Европска титула ни ја подари точно на денот на нашиот 30-ти роденден, а токму денес кога полниме 34, очекуваме позитивни информации за иднината на ФК Вардар…Но едно нешто со сигурност ќе повториме уште илјада пати, а тоа е дека ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ !

#НашатаПриказнаПродолжува #ПостариОдСитеПартии
#БастионНаМакедонштината
#СоВардарДоВечноста

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This