Филипче: Ќе се организира пункт во Врање и Ниш, за граѓаните кои се вакцинираа во Србија таму да ја примат втората доза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција, по новинарско прашање околу изјавата на српскиот претседател за бесплатна вакцинација на граѓаните на Македонија, го оцени како еден чин на добрососедство, кој го почитуваат.

Тој посочи и дека во тек се разговори со министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар за тоа дали може да се организира нов пункт, кој би бил поблиску за ревакцинација на македонските граѓани.

Утрово разговарав со Лончар, да видиме дали може да се организра пункт поблиску до нашата земја, за очекувано поголемата бројка на граѓани коишто треба да ја примат втората доза меѓу 17 и 20 јуни. Во следните денови кога ќе имаме точни податоци ќе известиме. Најверојатно тоа би било во веќе постоечките пунктови. Разговаравме тоа да биде центарот во Врање и во Ниш. Кога ќе бидат познати сите точни информации, ќе ги известиме граѓаните, изјави Филипче.

Инаку, српскиот претседател Вучиќ вчера побара од српската Влада да им дозволи и Македонците да се вакцинираат бесплатно во Србија, со онаа вакцина која ја сакаат, а која е достапна во Србија, пренесе српскиот Б92.

1 коментар

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This