Белгиски принц се заразил со ковид-19: Ги прекршил мерките и бил на забава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Внукот на белгискиот крал Филип, принцот Јоаким, се заразил со ковид-19 откако присуствувал на забава во Кордоба, Шпанија, за која шпанските медиуми објавија дека била организирана спротивно од мерките за заштита.

Принцот е на возраст од 28 години и тој е десетти на списокот за престолонаследници.

Дека се заразил со новиот коронавирус потврдил и портпаролот на кралската палата во Белгија, пренесе „Ројтерс“. Портпаролот рекол дека принцот Јоаким отпатувал во Шпанија, каде е на стажирање, на 24 мај и дека сè уште се наоѓа таму.

Шпанскиот весник „Ел Паис“, објави дека на забавата присуствувале вкупно 27 лица и дека била против рестрикциите кои се на сила во Кордоба – максималниот број за групирање е 15 лица. Сите сега се во карантин.

Шпанската полиција започнала и истрага за настанот, а оние кои биле на забавата можат да се соочат со казни од 600 до 1 000 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This